Украинците останаа без едно крило, повреден е Зубков

Александар Зубков веројатно нема да игра за Украина против Македонија задутре во второто коло од Ц групата на Европското првенство, откако само по 13 минути беше заменет поради повреда на дуелот со Холандија.

Популарниот Сања немаше среќа и сега Андриј Шевченко има мака, кој да игра на позицијата лево крило. Андриј Јармоленко, кој игра на спротивната десна страна, имаше кавга со Марлос, кој го замени Зубков, па сега е нејасно дали и двајцата ќе играат или Марлос ќе биде на клупата.

Јармоленко беше најопасниот играч на Украина против Холанѓаните, постигна и прекрасен гол, а посебно ќе треба да внимаваме на бочните позиции на кои нашиот следен ривал има одлични играчи.

Холанѓаните имаа многу проблеми и со Јармоленко и со Марлос, кој е натурализиран Украинец роден во Бразил, и потоа со Шапаренко, кој го замени Марлос.

- Оглас -

Најнови вести