Ултиматум од Милан до Пиоли: Европа или си одиш!

Во Милан не им цутат розите, особено не по поразот од градскиот ривал Интер во мечот на којшто Росонерите водеа со 2-0, но во вториот дел примија четири гола и ги изневерија нивните навивачи. Милан е десетти на табелата во Серија А со скромни 32 бода од 23 кола. Четвртата Аталанта има десет бода повеќе, па пласманот во Лигата на шампионите делува недостижен.

Но, Милан има шанса за излез на европска сцена, во Лигата на Европа. Петтата Рома има седум бода повеќе, а шестата Верона само два плус во однос на Милан. Петтото место носи место во групите од ЛЕ, а шестото место значи дека ќе треба да се играат квалификации за влез во групната фаза.

Управата на Милан му дала ултиматум и услов на тренерот Стефано Пиоли. Соработката со него ќе биде продолжена само ако Милан обезбеди излез на европска сцена или ако го освои Купот на Италија. Директорот Звонимир Бобан има план Б. Ако биде прекината соработката со Пиоли, тренер на Милан ќе биде Германецот Ралф Рангник.

- Оглас -

Најнови вести