Ултиматум за Зидан, потребна му е победа во Ел Класико

Два порази едноподруго на домашен терен не е карактеристично за Реал Мадрид, особено ако се земе во предвид дека истите се претрпени од Кадис во Ла Лига и Шахтар на стартот од Лигата на шампионите. Повреди на неколку клучни играчи го мачат тренерот Зидан, но тоа не е оправдување за лошите резултати со оглед на квалитетот кој го поседува во тимот, па затоа стратегот доби ултиматум од претредателот Флорентино Перес и тоа во пресрет на најважниот меч од сезоната.

Реал утре мора да триумфира на Ел Класико, во кое што ќе ѝ гостува на Барселона на „Камп ноу“, а воедно да се оствари победнички ритам и веќе во следното коло од групите во ЛШ да го добие мечот против Менхенгладбах.

Перес ги посетил играчите во соблекувалната по поразот од Шахтар, што никогаш не е добар знак кога се работи за Реал Мадрид. Наводно, веќе е познат и наследникот на Зидан на клупата доколку не одработи според ултиматумот.

Екстренерот на Тотенхем и Еспањол, Маурисио Покетино, е прв стратег на списокот кај Перес за смена на Зидан. Аргентинецот веќе една година е без работа, а во минатото на двапати имаше прилика да биде тренер на Кралевите. Сега му се укажува трета шанса, но прво мора да го чека исходот од следните два натпревари на Реал за да конкурира за жешкото столче.

- Оглас -

Најнови вести