Ултрасите на Марсеј и Галатасарај ќе го запалеа стадионот (ВИДЕО)

Најстрасните навивачи на Олимпик Марсеј и на Галатасарај вчера буквално ќе го запалеа стадионот „Велодром“.

И од двете страни, во еден момент почнаа да летаат „факли“ со цел да се повредат противничките фанови, а поради ваквата ситуација натпреварот мораше да биде прекинат 10 минути.

Инцидентот УЕФА веќе го истражува и се очекуваат големи казни за двете екипи, а Олимпик би можел на неколку наредни европски натпревари да игра пред празен стадион.

Мечот меѓу овие две екипи заврши без погодоци.

 

- Оглас -

Најнови вести