Умтити и Гриезман личат на Лука и Дастин од серијата „Stranger things“ (Фото)

Новиот играч на Барселона, Антоан Гриезман, објави фотографија со сонародникот и клупски колега Самуел Умтити, под која на шега вели дека тие би можеле да бидат нови актери во серијата „Чудни нешта“, споредувајќи ги со младите актери кои ги глумат ликовите Лука и Дастин.

Навистина има сличности на Умтити и Гриезман со децата, па затоа и оваа фотографија стана многу популарна на социјалните мрежи и предизвика многу коментари, претежно позитивни, а негативните доаѓаа од фанови на Атлетико Мадрид.

Очигледно дека хуморот му е посилна страна на Гризи, и без него нема никакви трауми откако на првиот тренинг со Барса доби неколку лекции по технички фудбал и топката двапати му поминуваше низ нозе.

- Оглас -

Најнови вести