Умтити ќе игра за Лече, а плата ќе зема од Барселона

Барселона и Лече се во напредна фаза на преговори за позајмица на францускиот централен дефанзивец Самуел Умтити.

За новиот италијански прволигаш, Умтити би бил големо засилување, а Барса одвај чека да се ослободи од него. Најавите се дека Умтити би земал плата од Барселона со која има договор до 2026 година, а од Лече би добивал само евентуални премии ако тимот има добри резултати.

Умтити во Барса дојде до 2016 година од Лион, во 2018 година беше и член на француската репрезентација која стана светски првак, но во последните сезони го загуби статусот на првотимец во каталонскиот клуб и минутажата му е минимална. Умтити во кариерата има освоено десет трофеи.

- Оглас -

Најнови вести