Унгарскиот суперталент му конкурира на Вернер за промашување на сезоната во ЛШ (видео)

Доминик Собозлаи, суперталенираниот офанзивец на Салцбург, со своето епско промашување против Баерн Минхен може да му конкурира на Тимо Вернер за утка на сезоната во Лигата на шампионите.

Собозлаи се најде сам пред голот на европскиот првак, но кога дојде моментот да се соочи со големиот Мануел Нојер, како да се уплаши и ја испрати топката високо над голот во празните трибини на „Алијанц арената“.

Казната за гостите следуваше неколку минути подоцна, кога Левандовски погоди за 1-0 во корист на Баварците.

 

https://streamable.com/airdi6

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести