Унгарските навивачи со свирежи за потегот на Ирците, а фудбалерите на теренот покажаа што е почит (Видео)

Унгарија и Република Ирска играат контролен меч во Будимпешта, кој треба да биде како последна подготовка за домашната селекција пред настапот на Европското првенство. Пред мечот се случи еден необичен „инцидент“.

Ирските фудбалери решија да клекнат пред почетокот на средбата, со што сакаа да покажат на проблемите со расизмот во фудбалот. Навивачите на Унгарија не го одобрија овој потег и започаа со свирежи.

Кога започнаа свирежите од трибините, фудбалерите на Унгарија одлучија да застанат во одбрана на ривалите од Ирска. Со прст покажаа кон знакот „почит“ на УЕФА, што покажува дека секој противник треба да добие респект.

https://twitter.com/i/status/1402326210210779138

- Оглас -

Најнови вести