Уникат во Премиер лигата – Вечерва ќе го игра јубилејниот 500 меч

Марк Нобл и вечерва ќе го предводи Вест хем на теренот како капитен против Ватфорд, а очекува со победа да прослави уникатен јубилеј.

Од 21 часот ќе го игра 500. натпревар во Премиер лигата, што е единствен случај од активните фудбалери во најсилната англиска лига, а Нобл е и најдолговечниот играч што настапува во ова натпреварување.

Цели 16 години и шест месеци Марк игра во прволигашкото друштво во Англија, а во целиот период е член на Вест хем. Популарните Чекани двапати го праќаа на куса позајмица во Хал и во Ипсвич.

Нобл почна во младинската Академија на Арсенал пред 22 години, а беше член на младите Топчии две години и од 2000 година се пресели во Вест хем чиј член е оттогаш. Првите четири сезони играше за младинскиот тим, а од 2004 година почна да настапува и за сениорскиот состав.

Досега на 499 натпревари за Вест хем, Нобл постигна 54 голови.

- Оглас -

Најнови вести