Уникатна можност: Се продава креветот во којшто спиел Роналдо, ретко кој може да си дозволи да го купи

Кристијано Роналдо неодамна за првпат гостуваше во Словенија, и тоа со репрезентацијата на Португалија на пријателски меч. Словенија ги изненади фаворизираните гости и победи со 2:0, а Роналдо беше во центарот на вниманието кај навивачите.

Присуството на Роналдо го искористи и хотелот во кој беше сместена португалската репрезентација. Од хотелот се одлучиле на необичен потег, а тоа е да го продадат креветот во кој спиел Роналдо. Креветот е ставен на аукција, а почетната цена е 5.000 евра.

„Ова беше посебен и единствен настан, па затоа решивме да приредиме уникатно изненадување за навивачите на Роналдо. Не се знае дали некогаш повторно ќе имаме можност да го угостиме Роналдо во Љубљана“, порачуваат од хотелот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести