Унион Берлин набрзина голтна три аспирини од полуфиналистот Баер Леверкузен

Баер Леверкузен долго се мачеше да ја оправда улогата фаворит против Унион Берлин во меч од германскиот куп, но сепак успеаја да се пласираат во полуфиналето со победа од 3:1.

Со три гола во последните 20 минути домаќините го елиминираа незгодниот ривал. Полуфинале за Фармацевтите најави Белараби со гол за израмнување во 72-рата минута, а потоа прецизни беа и Арангиз и Дијаби.

Унион Берлин имаше предност од 1:0 по првиот дел со погодокот на Ингвартсен, а клучен момент што придонесе да бидат елиминирани беше исклучувањето на Ленц во 71-вата минута. Веднаш во следниот напад Баер израмни, а потоа апсолутно доминираше и успеа да им се приклучи на Баерн и на Сарбрикен во полуфиналето на популарниот ДФБ покал.

 

- Оглас -

Најнови вести