Унион Берлин не попушта во ритамот, повторно е лидер во Бундеслигата

Екипата на Унион Берлин со 2:1 славеше на свој терен против Мајнц и стигна до 39 бодови по 20 кола во Бундеслигата и моментално е лидер на табелата. Кога игра на домашен терен сезонава, Унион Берлин е со шест победи и две нерешени, без ниту еден пораз.

На дуелот против Мајнц, Унион Берлин покажа дека е екипа со победнички карактер, затоа што гостите израмнија на 1:1 во 79 минута, но само пет минути подоцна домаќините повторно погодија за 2:1, што беше доволно за освојување на три бода.

Борусија Дортмунд на свој терен со убедливи 5:1 го победи Фрајбург во дуел кој требаше да биде дерби. Гостите беа немоќни посебно откако во 17 минута останаа со играч помалку при резултат 0:0. Милионерите одлично ја искористија бројчаната предност и постигнаа пет гола, а во листата на стрелци се запиша и Себастијан Халер кој неодамна се врати по успешното закрепнување од тешката болест.

Во останатите мечеви кои се играа попладнево: Келн – Лајпциг 0:0, Бохум – Хофенхајм 6:2 и Ајнтрахт Франкфурт – Херта 3:0.

Во горниот дел од табелата е мешаница, затоа што во само пет бодови се првопласираните шест екипи. Зад Унион Берлин е Баерн Минхен со 37 бодови, но и меч помалку (утре гостува кај Волфсбург), а 37 бодови има и Борусија Дортмунд. следува Лајпциг со 36 бодови, Ајнтрахт Франкфурт со 35 и Фрајбург со 34 бодови.

- Оглас -

Најнови вести