Унион Берлин цел месец нема победа во Бундеслигата

Волфсбург и Унион Берлин ремизираа 1-1 во последниот натпревар од 24-тото коло на германската Бундеслига.

Гостинските фудбалери поведоа со гол од пенал на Јосип Јурановиќ, што беше прв лигашки погодок на Хрватот во дресот на Унион каде дојде во јануари од Селтик. Домашните изедначија во 84-та минута.

Унион Берлин пред еден месец беше првопласиран, но сега има серија од четири кола по ред без победа, па четврти се на табелата, со ист број бодови како третиот Лајпциг и петтиот Фрајбург.

- Оглас -

Најнови вести