Калајџиќ е како Штиндл, Штутгарт го препиша рецептот на Борусија Менхенгладбах

Саша Калајџиќ доби шанса да игра во вистинско време и како резерва со два гола во самиот финиш, го спаси Штутгарт од пораз против Унион Берлин.

Домаќините го препишаа рецептот на Борусија Менхенгладбах, екипа што пред овој меч со два гола во последните пет минути се спаси од пораз против Ајнтрахт и ремизираше 3:3.

Калајџиќ влезе во игра во 80-тата минута, при резултат 0:2 за гостите од Берлин и со два гола му обезбеди на Штутгарт реми од 2:2.

Унион Берлин, кој  повторно е хит во втората сезона што ја игра во Бундеслигата, а и вечерва одигра импресивно, но само до 85-тата минута, па на крајот ја прокоцка победата.

Марвин Фридрих најави нов блесок на прволигашот што лани играше историска прва сезона во германското првенство, а фаворизираниот Штутгарт беше пред комплетен нокаут, кога Авонџи постигна втор гол за Унион во 77-мата минута.

Кај домаќините кои очекуваа хет-трик, осоколени по сензационалниот триумф против Борусија во Дортмунд со 5:1 не настапи Дарко Чурлинов.

Македонскиот репрезентативец беше резерва, но не доби шанса да игра. Реми, но без голови, одигра и втората екипа од Берлин, Херта, како домаќин со Мајнц, а Борусија Дортмунд се рехабилитираше од петардата против Штугарт со триумф од 2:1 во Бремен против Вердер.

 

- Оглас -

Најнови вести