Унион не им се плаши на фаворитите – По двете Борусии, го среди и Ајнтрахт

Унион Берлин не им се плаши на фаворитите и по победите против двете Борусии, вечерва приреди уште една сензација со триумф во Франкфурт против Ајнтрахт со победа од 2:1.

Гостите, кои за првпат во својата историја играат во Бундеслигата, со иста мерка им се реваншираа на популарните Орли за поразот во првиот дел со 1:2.

Изненадувањето го најави Андерсон со гол во 49-тата минута, а за подвиг се погрижи домашниот дефанзивец Н`Дика со автогол во 67-мата минута.

И единствениот погодок за домаќините беше автогол, овојпат на Хубнер во 79-тата минута. Со оваа победа Унион го прескокна Ајнтрахт на 10-тата позиција со 29 бода, еден повеќе од тимот од Франкфурт.

- Оглас -

Најнови вести