Упамекано „дипломираше“ против Атлетико, вечерва против ПСЖ брани „докторат“

Дајо Упамекано беше избран за најдобар играч на натпреварот Лајпциг – Атлетико Мадрид и овој 21-годишен Французин, кој има договор до 2023 година и откупна клаузула од 45 милиони евра, стана цел на неколку големи клубови, меѓу кои и Реал Мадрид. Зинедин Зидан во него гледа долгогодишна замена за позицијата која сега ја покриваат 34-годишниот Серхио Рамос и 27-годишниот Рафаел Варан.

Реал нема да тргне по Упамекано ова лето, но може да се очекува следното лето да се обидат да го ангажираат. Ако тој вечерва се покаже и против тим кој во своите редови има „ѕверки“ како Нејмар, Мбапе и Икарди, дефинитивно ќе потврди дека вреди за него да се плати.

Агент на Упамекано е Фолкер Штрут, кој му е менаџер и на Тони Крос. За играч кој против Атлетико доби 81 процент од дуелите, имаше 95 отсто точни подавања и направи само еден фаул, а притоа е брз и физички силен, вреди да се плати.

- Оглас -

Најнови вести