Уриваат атлетски рекорди како од шега, а сега се надеваат на добитен хуманитарен тикет

Дарио Ивановски и негоивот тренер Игор Јакимовски со секое свое појавување на некое локално или меѓународно натпреварување, покажуваат како треба да изгледа еден професионален спортист.

Дарио практично каде и да се појави, урива атлетски рекорди на Македонија како од шега, а Јакимовски очигледно го знае вистинскиот рецепт за успесите.

Сега тие двајца ќе се обидат да искомбинираат добитен хуманитарен тикет во соработка со Sport Life.

СКОПСКИОТ МАРАТОН Е ОСВОЕН СО СТИЛ, А СОПСТВЕНИК Е И НА 10 НАЦИОНАЛНИ РЕКОРДИ

Минатиот месец Дарио успеа да победи на најголемата атлетска манифестација во Македонија, а тоа е Скопскиот маратон.

Нашиот престижен атлетичар постави време од 2 часа, 21 минута и 27 секунди, што воедно претставува и нов национален рекорд, а тој во својата листа има 10 најдобри остварувања во државава.

„Неверојатно е да се одржува таа форма на годишно ниво во атлетиката. Подготовките се исто така многу важен дел.

Сега Дарио ќе оди во Белград, каде што ќе се подготвува за да обезбеди норма за СП во сала.

Потоа ќе замине во Португалија на дополнителни припреми, додека настапот во квалификациите ќе му биде во Манчестер, каде што оттаму ќе се обиде да ја оствари зацртаната цел и да обезбеди норма за настап во главниот град на Србија“, најавува Јакимовски.

СОНОТ Е НАСТАП НА ОЛИМПИЈАДА

Како и за речиси секој спортист на планетава така и за Дарио и Игор, главната цел е претставување на државата на Олимписки игри.

Затоа и онака големата жртва што ја прават и двајцата, во наредниот период ќе ја кренат на едно повисоко ниво со цел обезбедување норма со којашто би обезбедиле настап во Париз за помалку од три години.

„Се разбира дека сонот на Дарио, па и мојот е настап на Олимпијада, па затоа сега пред нас е период во којшто уште понапорно ќе тренираме и ќе одиме на големи натпреварувања, да го покажеме квалитетот“, изјави тренерот.

ТРЕНЕРОТ НАВИВА ЗА БАЕРН МИНХЕН, А ОМИЛЕНА ИГРА МУ Е 1 И 3+

Како и секој врвен спортист така и Дарио е максимално фокусиран на успех во својата кариера и речиси и да нема време да погледа некој фудбалски натпревар, а не пак да зборуваме да одигра некој тикет.

Затоа во оваа област ќе се консултираме со тренерот Игор Јакимовски, кој е голем фан на Баерн Минхен, а омилена игра од понудата на Sport Life му е популарната кец и 3+.

„Навивам за Баерн Минхен, а омилена игра за обложување ми е 1 и 3+. Се надевам дека ќе искомбинирам добитен тикет во мое и во името на Дарио и дека финансиите ќе завршат таму каде што се многу потребни“.

- Оглас -

Најнови вести