Урнат рекорд стар 81 година на мечот Реал Мадрид – Мајорка

Реал Мадрид рутински ја совлада Мајорка за ново преземање на лидерската позиција во Ла Лига, а на мечот кој се одигра на стадионот „Алфредо ди Стефано“ се урна рекорд стар 81 година.

За Мајорка заигра најмладиот фудбалер во историјата на шпанското првенство, Лука Ромеро, кој запиша сениорски настап само на 15 години и 219 дена. Младиот играч за врска го урна рекордот на Франциско Бао Родридес, попознат како Сансон, поставен во декември 1939 година од страна на некогашниот член на Селта Виго.

Ромеро доби шанса да истрча на теренот и да испише историја во финишот од средбата заменувајќи го Баба Мохамед во ситуација кога победникот веќе се знаеше.

- Оглас -

Најнови вести