Урнебесен говор на босанскиот селектор: Go, you одиш овде, а потоа овие играат ова (Видео)

Репрезентацијата на Босна и Херцеговина беше поразена од Франција на Евробаскетот, селекторот на поразениот тим, Адис Беќирагиќ, имаше шоу за време и по мечот.

На еден тајмаут додека даваше совети, мешаше англиски и босански јазик во иста реченица. Видео од урнебесниот тајмаут може да погледнете ТУКА.

На прес-конференцијата по мечот, тој на прашањето дали играчите ќе имаат енергија утре во клучниот меч против Литванија, бидејќи тоа ќе им биде четврти натпревар за пет дена, Беќирагиќ одговори: Имате ли некој дилер на дрога малку да ни помогне и да не поттурне?

- Оглас -

Најнови вести