Урнебесен видеоповик на ѕвездите на Ливерпул пред да им почне тренингот (видео)

Ѕвездите на Ливерпул, како и сите други спортисти во светот, имаат посебна програма за вежбање по која мора да се придржуваат за да останат во каква-таква форма и да бидат подготвени доколку се продолжи сезоната во Премиер лигата. Утринската сесија им е заедничка, преку видеоповик се приклучуваат сите играчи на првиот тим заедно со стручниот штаб, а сето тоа го надгледува Јирген Клоп.

Дел од играчите навреме се подготвија за тренингот, додека има и такви кои тешко се будат наутро, како на пример, египетската ѕвезда Мо Салах. Пред да почнат да вежбаат, сите го чекаа младиот Харви Елиот да му ја отпеат роденденската песна кој пред четири дена наполни 17 години.

Прво сите пееја на англиски, а потоа секој поединечно пееше на мајчиниот јазик. Алекс Окслејд-Чембрлен се приклучи на хрватската верзија и на француската, со што ги насмеа сите кои присуствуваа на тренингот.

- Оглас -

Најнови вести