Урнебесна реакција – Гвардиола беше пишман, па му олесни (Видео)

Пеп Гвардиола брзо се пишмани што му даде можност на Рахим Стерлинг да шутира од белата точка за Манчестер сити, но на крајот му олесна, откако англискиот репрезентативец ги промаши двата удари од белата точка, но погоди потоа од одбиена топка.

https://twitter.com/D9INE_PREMIER/status/1210654847826948096?s=20

Манчестер сити води со 1:0 против Вулверхемптон на „Молињу“, а вистински хаос настана во 24. минута. Марез беше фаулиран од Дендонкер, а судијата Мартин Аткинсон на сугестија на колегите во ВАР собата досуди пенал за гостите.

Стерлинг не успеа да погоди и Руи Патрисио му го одбрани ударот од бела точка, но беше донесена одлука пеналот да се повтори, поради предвремено влегување во шеснаесетникот на неколку играчи. Гвардиола беше бесен, а потоа притисокот дополнително му се покачи, откако Стерлинг пак не успае да погоди. Сепак на крајот и тренерот на шампионот здивна, бидејќи Рахим ја смести одбиената топка во мрежата на Вулверхемптон.

Погледнете ја реакцијата на Гвардиола.

https://twitter.com/D9INE_PREMIER/status/1210654601554190336?s=20

- Оглас -

Најнови вести