Уругвај го разреши „Ел Маестро“ Табарес кој 15 години им беше селектор!

Фудбалската федерација на Уругвај повлече чекор каков што не посакуваше, но резултатите ги примораа на ова: отпуштен е селекторот Оскар Табарес.

Популарниот „Ел Маестро“ кој има 74 години, беше селектор уште од 2006 година, но во овие 15 години работење со националниот тим, сега ја има најголемата резултатска криза. Уругвај ретко дава голови иако има екстра напаѓачи, и може да остане без настап на СП во Катар, бидејќи е седми на табелата во квалификациите во Јужна Америка.

Легендарниот Табарес го водеше Уругвај и во периодот од 1988 до 1990 година, па зад себе има вкупно 224 мечеви како селектор, имаше 106 победи и 60 порази.

- Оглас -

Најнови вести