Уругвај ќе даде барем три гола, Ла Коруња нема да загуби од Мајорка

Данска У21 – Австрија У21 (18.30 часот)

Двата тима се надеваат на пласман во полуфиналето на ЕП, а засега поблиску до тоа е Австрија, која на стартот ја совлада Србија. Данците загубија од Германија и мора да одат на победа, нерешено не им врши работа. Подобро е да се игра на голови, како што предлагаат и во квотите на денот на Sport Life.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.85)

 

Ла Коруња – Мајорка (21.00 часот)

Почнува финалната битка за место во шпанската прва лига. Иако беа на петто, односно шесто место во Сегунда, еден од овие два тима ќе игра во елитната Примера. Меѓусебните пресметки на овие два тима во лигашкиот дел од сезоната завршија со по 1-0 за екипите кои беа домаќини, па и сега се очекува неизвесност и одлуката да падне на реваншот на Палма де Мајорка.

Предлог тип: 1Х & 2-4 (2.10)

 

Уругвај – Јапонија (02.30 часот)

Разликата во квалитет е голема, Уругвај е многу посилен во моментов од Јапонија, што се виде во првите мечеви на Копа Америка. Јапонците се некомплетни, а откако настрадаа во дуелот со Чиле, ништо добро не им се пишува ниту во дуелот со Уругвајците, кои го надиграа Еквадор и одат на нови три бода. Јапонија во октомври доби пријателски меч со 4-3, но сега околностите се поинакви.

Предлог тип: Т1 1+I& T1 3+ (2.25)

 

Германија У21 – Србија У21 (21.00 часот)

Германците веќе имаат три бода на своето конто, а за Србите победата над актуелниот првак е императив. Нашите северни соседи беа изненадени од Австрија и сега мора да победат. Младите селекции на Германија и Србија играле меѓу себе во 2015 година и мечот завршил 1-1. Со победа над Србија, Германија најверојатно ќе си осигура полуфинале.

Предлог тип: 3+ (1.57)

 

Холандија жени – Канада жени (18.00 часот)

Двата тима беа прилично сигурни во првото коло и денеска во меѓусебен дуел ќе одлучуваат за победникот во групата Е на СП за жени. Последен меѓусебен дуел имаа во 2016 година, пријателски меч кој го добија Канаѓанките со 2-1, а на СП 2015 одиграа 1-1 откако Холандија изедначи во финишот.

Предлог тип: Х (2.95)

 

- Оглас -

Најнови вести