Уругвај покажа моќ, Суарес и Кавани предводници во победата над Еквадор (Видео)

Уругвај покажа зошто секогаш е меѓу главните фаворити за освојување на златото на Копа Америка. Во првиот меч на јужноамериканското првенство најтрофејната репрезентација немаше милост и со убедливи 4:0 го победи Еквадор. Луис Суарес и Едисон Кавани се покажаа како вистински лидери на теренот постигнувајќи по еден погодок.

Уште во првото полувреме Уругвај ги реши сите дилеми. Во шестата минута погоди Лодеиро, а потоа на голови се радуваа и Кавани во 33-тата минута и Суарес во 44-тата минута за убедливи 3:0. Еквадор, кој од 24-тата минута остана без исклучениот Квинтерос, во 78-мата минута си даде автогол за потврда на доминацијата на Уругвај.

Во оваа група вечерва треба да играат Чиле и Јапонија, со што ќе се комплетира првото коло на Копа Америка.

https://youtu.be/4-AEIhCVCb4

 

- Оглас -

Најнови вести