Уругвајците видоа дека не може да се сопре Меси дури и кога е на земја (Видео)

Аргентина и Уругвај синоќа одиграа 2:2 во пријателскиот меч одигран во Израел. Уругвај двапати беше во водство, а Гаучосите израмнуваа. Погодокот за конечно реми го даде Лионел Меси од пенал во 92-рата минута.

Капитенот на Аргентина беше расположен за игра, а за тоа колку е тешко да се сопре Меси кога ќе тргне во напад, Уругвајците се уверија во една ситуација по која успеаја и да го турнат на земја, но повторно не успеаја да му ја одземат топката.

https://twitter.com/i/status/1196523094577483778

 

- Оглас -

Најнови вести