Уште 25 часа ви останаа да учествувате во 11-тото коло на Спортска прогноза

Типувањето за 11-тото коло на бесплатната Спортска прогноза е во тек, трае до утре во 15.30 часот, а по колото со рекорден број учесници и мечеви на репрезентациите, повторно во фокусот е клупскиот фудбал, задачата ќе биде интересна, прецизно да се анализираат дуелите од Топ-5 лигите на патот кон убавата награда, „ајфон 11“ за погодена 13-ка.

До стартот на првиот меч в сабота во 15.30 часот можете да се приклучите со свои прогнози, а Хофенхајм и Штутгарт ќе го означат почетокот на новата авантура. Според процентот на прогнози од тие што досега се изјасниле, тука треба да победат домашните. Дури 81 процент од прогнозерите веруваат во единица, иако Хофенхајм нема победа на пет меча по ред.

Веднаш потоа следува дуел на кој Вилјареал го пречекува Реал Мадрид, меч на кој над две третини од прогнозерите типувале двојка и веруваат дека Реал нема да загуби на две гостувања по ред во Валенсија. Саботната понуда нуди и два дерби-натпревари: Тотенхем – Манчестер сити и Атлетико Мадрид – Барселона.

Недела ќе биде ден за фудбалски мечеви на тимови кои имаат македонски интернационалци. Лидс на Алиоски го пречекува Арсенал, Наполи на Елмас е домаќин на Милан, тука е и македонското дерби во Серија А меѓу Удинезе на Несторовски и Џенова на Пандев.

Колото завршува со англискиот меч меѓу Вулверхемптон и Саутхемптон в понеделник вечер, а секако веќе знаете дека многу се вредни и поените од резервните парови во битката за Генерален пласман. Трката е возбудлива, по 10 кола, тројца учесници во Спортска прогноза имаат по 75 поени, а 70-ката ја минаа дури 35 прогнозери, што најавува голема битка за шампионската круна во третата сезона и за главната награда ТВ Смарт од 48 инчи.

За погодување на Среќна 13-ка, главната премија во секое коло е мобилен телефон „ајфон 11“. Подароци има и за еден или два промашени фикса. За 12 погодени ќе добиете вредносен ваучер од Sport Life во износ од 1.000 денари, додека со 11-ка ви следува вредносен ваучер од 500 денари.

За да бидете дел од Спортска прогноза, доволно е само да бидете член на Sport Life клубот и да имате картичка, а останатото е да имате умешност да ги погодите 13-те зададени парови.

Не чекајте, прогнозирајте веднаш.

- Оглас -

Најнови вести