Уште девет позитивни случаи на Ковид-19 во НБА лигата

Деандре Џордан и Спенсер Динвиди од Бруклин нетс беа последните двајца позитивни кошаркари во НБА лигата, а денес раководството потврди уште девет позитивни случаи на Ковид-19.

Вкупно 25 играчи се позитивни на корона-вирусот од 351 член на најсилната кошаркарска лига во светот, сите се веќе изолирани и се третираат. Овие бројки засега нема да го пореметат планот да продолжи сезоната на 30 јули, кога 22 од вкупно 30 екипи во НБА лигата треба да се сретнат во „Светот на Дизни“ во Орландо.

- Оглас -

Најнови вести