Уште (долго) ќе чекаме за пласман на Светско првенство: Украина – Македонија 31-22

Женската ракометна репрезентација на Македонија и по 16 години не успеа да обезбеди пласман на Светско првенство откако загуби и во реваншот од Украина со 31-22. Македонија и пред натпреварот беше речиси елиминирана бидејќи Украина во Скопје победи со 24-22, но во Кишварда (Унгарија) патникот на Светското првенство беше решен уште во втората половина на првото полувреме.

Мечот започна изедначено и двете екипи се менуваа во водство до средината на првиот дел, но од тогаш, па сè до паузата на теренот играа само Украинките. Резултатот по првиот дел беше 24-12 за Украина.

Второто полувреме беше само обична формалност, со помалку голови отколку во првиот дел бидејќи шанса за настап добија сите ракометарки. Македонија го доби второто полувреме со 10-7, но на крајот сосема заслужена победа за Украина од 31-22.

Најпрецизна во нашите редови беше Леонида Гичевска со 9 гола. Во репрезентацијата на Украина, Ирина Глибко, постигна 7 голови, додека Дијана Дмитришин и Јевелина Коновалова по 6 пати беа прецизни.

- Оглас -

Најнови вести