Уште долго време нема да има професионален тенис

Унијата на тениски професионалци (АТП) одлучи да го продолжи прекинот на тениските турнири до 31 јули. Како што стои на официјалниот сајт, освен најсилните турнири, под суспензија ќе бидат и Челинџер турнирите и ИТФ Ворлд тенис тур.

„Поради неизвесноста со пандемијата со Коронавирусот, со жалење мораме да констатираме дека ќе има продолжување на прекинот. Го делиме разочарувањето на многумина навивачи, играчи од целиот свет. Ќе продолжиме да ги разгледуваме сите опции со желба дека за брзо време да се вратиме на безбедни турнири“, вели претседателот на АТП, Андреа Гауденчи.

Засега, турнирите кои по планот треба да стартуваат од 1 август, остануваат во план дека ќе се играат.

- Оглас -

Најнови вести