Се чини дека во моментов нема да има ништо од трансферот на Виктор Осимен од Наполи во ПСЖ. Фудбалерот веќе ги договори личните услови со „светците“, но раководството на ПСЖ нуди 100 милиони евра за неговиот потпис, додека Аурелио де Лаурентис, не сака ниту да слушне да го продаде за помалку од 130 милиони евра, сума која во ПСЖ не се подготвени да ја платат.
Во меѓувреме во трката по потписот на Виктор Осимен се вклучија уште две екипи, и двете се од Саудиска Арабија, а се работи за Ал-Ахли и Ал-Хилал. Двете екипи му нудат далеку подобри услови на нигериецот за разлика од ПСЖ, а се чини дека и двете екипи се подготвени да му ги платат на Наполи бараните средства.
Сепак, се чини дека тешко може да се случи 25-годишниот напаѓач на Наполи да направи трансфер во Саудиска Арабија.