Уште еден бесплатен мегатрансфер на Јувентус – Доаѓа еден од најдобрите играчи на ПСЖ

Изминатава декада, Јувентус во неколку наврати покажа дека и за беспари може да се доведат навистина врвни играчи.

Сами Кедира, Пол Погба, Карлос Тевез и Андреа Пирло се само дел од играчите кои што дојдоа за беспари, а „Старата дама“ сега подготвува уште еден спектакуларен таков трансфер.

Станува збор за еден од најдобрите играчи на ПСЖ, Анхел ди Марија кој што летово ќе го напушти Париз како слободен агент, а кариерата, барем како што наведуваат италијанските медиуми, ќе ја продолжи во Торино.

Речиси сè е договорено меѓу самиот фудбалер и новиот клуб, а соработката ќе биде официјализирана наредната година. Ди Марија во ПСЖ дојде од Манчестер јунајтед во 2015 година, и за новиот француски првак одигра 195 натпревари.

- Оглас -

Најнови вести