Уште еден Бразилец ќе се приклучи на колонијата во Арсенал?

Арсенал трнува по потписот на Фелипе Андерсон од градскиот ривал Вест хем. Микел Артета сака да го доведе крилниот офанзивец на позајмица за претстојната сезона со опција за откуп на неговиот договор.

Доколку Арсенал ги добие услугите на Фелипе, би ја зголемил бразилската колонија во редовите на Топчиите, откако претходно летово на „Емирати“ пристигнаа Вилијан и Габриел Маланхес, а од лани тука се Давид Луис и младиот Мартинели.

Пред две години Вест хем плати 38 милиони евра на Лацио за потписот на Фелипе Андерсон, а овој во две сезони запиша 67 настапи за Чеканите во кои постигна 11 гола и 10 асистенции.

- Оглас -

Најнови вести