Уште еден кикс на фаворит, Наполи се спасуваше од пораз, необично коло во Серија А!

Наполи одигра само 1-1 на гостувањето кај Калјари, но тимот на Елиф Елмас треба да биде задоволен и со ремито бидејќи изедначија во 87-мата минута.

Виктор Осимен беше стрелец на голот и со тоа го покри киксот на голманот Оспина, кој е виновник за примениот гол во 58-мата минута, по шутот на Переиро.

Ова коло во Серија А изобилуваше со неочекувани резултати, по киксевите на двата тима од Милано и на Јувентус, ниту Наполи не освои три бода. Наполитанците имаат два бода помалку од лидерот Милан, а имаат еднаков број бодови со вториот Интер, кој има и еден меч помалку.

Елмас го одигра целиот натпревар. Ова е голот на Осимен, негов 11-ти сезонава:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести