Уште еден Лука од поранешна Југославија воодушевува на НБА паркетите

Лука Гарза, кој беше 52-ри пик на драфтот во НБА, во дресот на Детроит пистонс воодушевува со игрите во Летната лига. Многу скаути на овој кошаркар со босанско потекло му предвидуваат блескава кариера.

Гарза е роден на 27 декември 1998 година во Вашингтон, висок е 211 сантиметри, а во победата на Пистонс над Орландо меџик од 79-78, тој имаше 21 поен и 15 скока. Неговата мајка Шејла е од Босна и Херцеговина, додека татко му има шпанско-американско потекло. Вујко на Лука е Теоман Алибеговиќ, член на легендарната младинска селекција на Југославија од младинското СП во 1987 година во Бормио, а подоцна играше за сениорската репрезентација на Словенија.

Желба на Гарза е да игра за БиХ. Тој имаше одлична сезона во НЦАА-лигата, а иако беше избран дури во втората рунда на драфтот, се очекува да добие двегодишен договор од Детроит, можеби со опција да игра и во развојната Г лига.

- Оглас -

Најнови вести