20.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Уште еден поранешен играч на Барса се приклучи на стручниот штаб

Поранешниот фудбалер на Барселона Хенрик Ларсон, се приклучи на стручниот штаб на Роналд Куман. Каталонците сега имаат двајца поранешни играчи во Куман и Ларсон кои ќе имаат задача да го вратат тимот на победнички патеки.

Ларсон ги бранеше боите на Барселона од 2004 до 2006 година, период во кој Швеѓанецот ја освои Лигата на шампионите и титулата во Шпанија.

Со Ларсон во стручниот штаб пристигна и Алфред Шрудер, поранешната десна рака на Ерик Тен Хаг во Ајакс.

 

- Оглас -

Најнови вести