Уште еден Португалец како Роналдо не се радуваше со навивачите и сите го фалат (Фото)

Бернардо Силва не се радуваше со навивачите на Португалија при првиот гол против Швајцарија што го постигна Гонкало Рамос и доби многу комплименти дека во секој момент е еден од лидерите на репрезентацијата и дека мисли на се.

Сите останати репрезентативци истрчаа до едната трибина и се радуваа на водечкиот гол во последното осминафинале.

Но, Силва не го заборави правилото на ФИФА, кое вели дека противникот не може да изведе почетен удар од центарот на теренот, се додека сите играчи на ривалскиот тим, или репрезентација не се на својата половина.

Силва беше осигурачот дека Швајцарците не можат набрзина да тргнат од центарот, бидејќи беше единствениот репрезентативец на Португалија на противничката половина.

Судијата може да даде знак да се тргне од центар и во ваков случај, ако сите стартери на репрезентацијата што постигна гол се надвор од теренот, што би значело дека да не беше Силва, Швајцарците можеа да изведат брз удар и да израмнат.

Бернардо тргна да се радува со соиграчите надвор од игралиштето, но експресно се сети дека може да биде кобно за Португалците и се врати на противничката половина.

Ако „моторот“ на португалската репрезентација добива многу комплименти за мудриот потег, многу критики трпи Кристијано Роналдо.

По завршувањето на мечот што го добија Португалците со убедливи 6:1 веднаш си замина од теренот и не се радуваше со останатите репрезентативци и не ги поздрави навивачите на трибините.

Роналдо беше лут што не е стартер и остана на клупата за резерви, а Рамос, неговата замена во првиот тим на Португалците блесна со хет-трик.

Играчот на Бенфика е првиот фудбалер на Мундијалот во Катар што дал три гола на еден натпревар, па сега ќе биде интересно дали ќе остане во стартните 11 на Португалија и за четвртфиналниот меч против Мароко и пак ќе го остави на клупата за резерви Роналдо.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести