Уште еден Вардарец ги одбројува последните денови во црвено-црниот дрес

Фајнл форот во Келн ќе биде последен турнир за голманот Дејан Милосављев како играч на Вардар. Српскиот чувар на мрежата постигна договор со германскиот тим Фуксе Берлин, каде што ќе брани од следната сезона, па сè до 2024 година. Од поодамна најавениот егзодус од редовите на европскиот првак од 2017 година, Милосављев е следниот кој си најде нов ангажман, а во редовите на Фуксе ќе соработува со сонародникот и ексвардарец Мијајло Марсениќ.

Талентираниот голман блескаше во текот на целата сезона во црвено-црниот дрес, како во домашното првенство така и на меѓународната сцена, а со овој ангажман си го оствари сонот да заигра во една од најквалитетните лиги на Стариот Континент.

„Дејан е еден од најталентираните голмани во Европа, во многу наврати оваа сезона го покажа тоа. Ние сме задоволни со ангажманот и имамe големи очекувања“, истакна тренерот на Фуксе, Велимир Петковиќ.

Милосављев во дресот на Вардар се радуваше на пехар во домашниот шампионат, СЕХА-лигата, а сега има можност да биде дел од нов историски подвиг во Лигата на шампионите, каде што македонскиот шампион ќе се обиде да ја освои втората европска титула.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести