Уште една фудбалска лига ќе продолжи во јуни

Спортот во Швајцарија доби зелено светло да продолжи од 8 јуни во случај ситуацијата со корона-вирусот да продолжи да се подобрува. Тоа значи дека уште една фудбалска лига на Стариот Континент ќе дочека рестарт на сезоната, откако дел од првенствата веќе потврдија продолжување на сезоната, а дел од нив, како француската Лига 1, означија крај.

Швајцарската Суперлига беше меѓу првите која се прекина поради пандемијата, уште од 2 март, и првичниот план беше прекинот да трае до 23 март. Меѓутоа, работите глобално се влошија, по што се донесе одлука прекинот да трае неодредено.

Клубовите ќе може да започнат со подготовки од 11 мај, а натпреварите би требало да почнат од 8 јуни без присуство на публика. Шампионатот застана по 23 кола, на делбата на првата позиција се Сент Гален и Јанг бојс со по 45 бода, додека Базел е трет со пет бода помалку.

- Оглас -

Најнови вести