Уште една фудбалска жртва од Коронавирусот – Почина единствениот претседател странец на Олимпик Марсеј

Олимпик Марсеј објави тажна вест дека почина нивниот поранешен претседател Мабаба Папе Диуф на 69-годишна возраст во родниот Сенегал.

Диуф беше прв човек на познатиот француски клуб од 2005 до 2009 година и со него на „Велодром“ пристигна една шампионска круна во француското првенство.

Неодамна беше објавено дека е заразен со Коронавирус, а непосредно пред полноќ стигна и веста дека некогашниот новинар и потоа и прв човек на Марсеј ја загуби животната битка со епидемијата.

Диуф е единствениот претседател странец во историјата на клубот што има 121-годишна традиција. Со него само уште Швајцарецот Џовани Чиколуњи беше прв човек на Олимпик Марсеј, но тој беше вршител на должноста претседател пред четири години.

Пред загубата на Марсеј со смртта на Диуф, слична трагедија му се случи на Реал Мадрид, клуб кој загуби двајца свои поранешни претседатели, Лоренцо Санс и Фернандо Мартин исто така од Коронавирус.

 

- Оглас -

Најнови вести