Уште една „напумпана“ ѕвезда од Англија – Пијаниот Грилиш тргнува кон патот на пропаста (ВИДЕО)

Веќе со години англиските медиуми ги величаат тамошните млади фудбалери како да се ѕвезди и играчи какви што светот досега не видел.

Затоа клубовите од Премиер лигата не штедат пари за нивните трансфери, а таков во оваа низа е и Џек Грилиш, за кого Манчестер сити изминатото лето плати над 100 милиони фунти.

Грилиш игра очајно досега, а на интернет се појави видео каде што тој е направен „камен“ пијан. Не е познато од кога е видеото, но сето ова нема да му се допадне на Пеп Гвардиола, кој иако им дозволува излегување на своите играчи, сепак, и тој има одредени граници.

Грилиш за тимот од Манчестер сезонава има одиграно 16 натпревари и има постигнато само два погодока. Во секој случај, овој фудбалер нема да заврши во затвор, како на пример Мејсон Гринвуд, кому славата му удри во глава и на 20 години ја претепа и се обиде да ја силува девојката, по што и дефинитивно му заврши кариерата, иако сите најавуваа дека таа ќе му биде блескава.

- Оглас -

Најнови вести