Уште една потврда за трансфер во Наполи – Фенербахче тргна за Австрија без Елмас

Очекувано Елиф Елмас не е во експедицијата на Фенербахче, која во 14 часот замина на завршни подготовки за Австрија.

Македонскиот репрезентативец како што е најавено има поинаква дестинација и ќе лета за Неапол, каде го очекуваат како ново засилување на Наполи. Се е веќе јасно и како што објавија италијанските медиуми и договорено, а Елмас ќе потпише петгодишен договор со вицешампионот на Италија, вреден околу 16 милиони евра.

За разделба Фенербахче на својот интернет сајт објави интересно видео и дуел на Елмас со Вдат Муричи во таканаречениот „Текбол челенџ“.

Погледнете.

- Оглас -

Најнови вести