Уште едно полувреме до историја и германско-француски полуфиналиња во Лигата на шампионите

Лион води со 1:0 по првото полувреме и му остануваат уште 45 минути плус судиско продолжение за пласман во второто полуфинале во Лигата на шампионите.

Тоа би донело историски нокаут пресметки на два француски и два германски состави во фазата што е еден чекор пред големото финале во луксузното клупско европско натпреварување.

Баерн го чека победникот од дуелот што се игра на „Жозе Алваладе“ во Лисабон, а ако победи Лион, новиот шампион на Европа ќе биде од Германија, или од Франција.

Тоа ќе биде сигурна титула за една од двете земји, секако под услов Лион да ја задржи предноста против Манчестер сити, бидејќи во првото полуфинале веќе се знае дека ќе играат Лајпциг и Пари Сен Жермен.

Досега никогаш не се случило два француски и два германски клуба да играат меѓусебе во полуфинале во Лигата на шампионите и тоа едни против други.

Лајпциг и ПСЖ ќе играат меѓусебе во вторник на 18. август од 21 часот на „Луж“ во Лисабон, а на „Жозе Алваладе“, кој е дом на Спортинг следниот ден во истиот термин од 21 часот Баерн ќе игра против Лион, или Манчестер сити.

Финалето е закажано за 23. август од 21 часот на „Луж“ во Лисабон.

 

- Оглас -

Најнови вести