Уште малку вардарец, па после станува динамовец, Дисингер си најде нов клуб

Во ракометот пракса е трансфери да се објавуваат среде сезона која е во тек, па така и не чуди што романски Динамо Букурешт се пофали дека потпишале договор со германскиот бек Кристијан Дисингер, кој во моментов го носи дресот на Вардар 1961. Дисингер со Вардар задутре во Битола треба да ја потврди титулата во македонското првенство, и потоа заминува во амбициозниот Динамо кој се пофали дека го ангажирал и францускиот пикер Седрик Сораиндо од Барселона.

Дисингер кој во кариерата има една европска клупска титула со Вардар и една европска со германската репрезентација, потпиша двегодишен договор.

- Оглас -

Најнови вести