Уште на СП во Катар ќе играат како Велс, а потоа ќе го сменат името!

Фудбалската репрезентација на Велс по Светското првенство во ноември и декември во Катар ќе го смени своето име и ќе настапува под името Камри.

Велшаните на нивниот јазик земјата си ја викаат Камри, но Англичаните не им дозволуваа да играат како Камри, туку под името Велс, кое е англиски назив на оваа држава во рамките на Велика Британија.

„Ние секогаш требаше да играме под нашето изворно име. Кога играме дома, сите така го викаат тимот. Тоа е името на нашата репрезентација и ако слушате, секогаш си се нарекуваме Камри. Преговорите со ФИФА и УЕФА не се завршени, затоа на ова СП ќе играме како Велс. Ништо нема да направиме еднострано, но мислам дека 2023 ќе биде година кога ќе дојде промената на името“, вели Нил Муни, првиот човек на Фудбалската федерација на Велс.

Неодамна и Турција си го смени официјалното име, па и на англиски јазик треба да се изговара Туркије, како што самите Турци си ја викаат својата држава.

- Оглас -

Најнови вести