Уште не е доцна да го „украдеме“, 15-годишен нашинец даде феноменален гол за Србија (Видео)

Василије Костов е млад 15-годишен фудбалер роден 2008 година, кој на натпреварот со Грузија на У-17 селекциите постигна прекрасен гол во дресот на српската репрезентација, а станува збор за момче кое има и македонско државјанство и може да игра и за Македонија.

Костов е член на Црвена ѕвезда и засега настапува за Србија, но со оглед на возраста, можеби и ќе се премисли во иднина и ќе игра за Македонија, што не би било првпат некој да ја смени репрезентацијата. А, ваков талент би бил добредојден за нашиот национален тим.

Погледнете каков гол даде 15-годишниот Костов на меч со две години повозрасни од него:

- Оглас -

Најнови вести