Уште ова му фалеше, Агуеро позитивен на ковид-19

Најдобриот напаѓач во историјата на Манчестер сити, Аргентинецот Серхио Агуеро, имал позитивен тест на корона-вирус. Тој веста ја објави на социјалните мрежи. Агуеро пропушти голем дел од досегашниот тек на сезоната, а не играше и синоќа против Астон вила, поради тоа што беше во изолација поради контакт со заразено лице.

„Имам некои симптоми и ги следам препораките на докторот. Чувајте се“, порача 32-годишниот Кун, кој сезонава има само пет настапи.

- Оглас -

Најнови вести