Уште пет милиони евра легнаа на сметка на Дортмунд од продажбата на Дембеле

Со задоцнување од неколку натпревари, Барселона ја исплати новата рата од пет милиони евра на Б. Дортмунд од ангажманот на Усман Дембеле остварен во летото 2017 година.

На Милионерите им следуваше споменатата сума откако Дембеле го запиша 75-тиот настап за шпанскиот вицепрвак, исто како за 25 и 50 настапи во каталонскиот дрес.

Во поразот од Атлетико Мадрид, француското крило го запиша вкупно 83-тиот настап во сите натпреварувања за Барса, а Дортмунд уште пет милиони чека откако Дембеле ќе стигне до јубилејниот 100-ти меч.

Со оглед на тоа дека Барселона „кешираше“ 105 милиони евра за стаклениот Дембеле, според бонусите за настапи, но и индивидуалниот учинок и успех на клупски план, сумата може да порасне до 148 милиони евра, а засега се исплатени околу 130 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести