Уште во првото коло се поставуваа нови рекорди во Премиер лигата

Одличен почеток со неколку изненадувања во Премиер лигата по некомлетираното прво коло. Се поставија неколку рекорди, а во главните улоги се Мо Салах, ѕвездата на Ливерпул, како и Челзи.

Голгетерот на Црвените во ремито со Фулам од 2-2 беше стрелец на првиот гол за тимот на Клоп. Салах на тој начин го подобри својот рекорд така што се запиша во листата стрелци на премиерни мечеви во шест последователни сезони, или поточно во сите сезони откако пристигна на „Енфилд“ постигнува гол во првото коло.

Последниот натпревар од вчерашната програма се одигра на „Гудисон парк“, каде што Челзи со пеналот на Жоржињо славеше минимално над Евертон. Сините од Лондон во 31-та сезона во Премиер лигата, по 20-ти пат отворија со триумф, што е најдобар учинок во историјата на анлискиот шампионат.

Колото го одбележува и Дејан Кулушевски, кој со гол и асистенција го предводеше Тотенхем до убедливи 4-1 над Саутхемптон. Крилото на Петлите ја забележа деветтата првенствена асистенција во 2022 година, што е најдобар учинок во Премиер лигата, а од топ 5 лигите во Европа, само Дембеле годинава има забележано повеќе наместени погодоци (11).

- Оглас -

Најнови вести