Олександер Усик едвај ја одбрани титулата светски првак во тешка категорија, откако во Египет стигна до исклучително контроверзна победа, со прекин во 11 рунда, над боксерскиот дебитант Рик Верховен. На анонимниот Холанѓанец ова му беше само втора борба на професионално ниво, во поголемиот дел од мечот даде агресивен отпор на фаворизираниот Усик.
За тоа колку беше добар Верховен потврдува и фактот дека во моментот на прекинот на борбата тој имаше предност кај еден од судиите (96:94), а другите двајца судии на картичката имаа запишано дека моментално е нерешено (двајцата имаа 95:95), што значи дека беше многу поблиску до победата од Усик.
Сепак, во завршницата на борбата, односно во 11 рунда, Усик го зголеми темпото и со силен аперкат го испрати противникот на подот. Верховен успеа да стане пред да заврши броењето на судијата во рингот, но по серијата силни удари на Усик во завршницата на рундата, реши да го прекине мечот. Многумина сметаа дека таа одлука на судијата е престрога кон предизвикувачот.
ABSOLUTE CHAOS 😱 USYK STOPS RICO!!!#UsykRico pic.twitter.com/3OHnaXPUv5
— DAZN Boxing (@DAZNBoxing) May 24, 2026
„Добра борба“, кратко рече Усик по мечот. Од друга страна, Верховен беше разочаран од одлуката на судијата. „Очекував судијата да ми дозволи да избоксувам во сите 12 рунди. Имав чувство дека бевме прилично израмнети на картичките кај судиите“, рече разочараниот холандски боксер, кој веднаш побара и реванш.

