Успехот прави чуда – Хрватите се на цена, богати трансфери ќе прават и тие што не играат на Мундијалот

Хрватските играчи се многу ценети, сега уште повеќе по константите успеси на големите натпреварувања и новото полуфинале на Светско првенства, а заинтерсирани клубови има и за фудбалери кои не играат на Мундијалот во Катар.

Прв на листата со желби на големите клубови е извонредниот стопер на Лајпциг и Хрватска, Јошко Гвардиол, а за него во ред чекаат најголемите гиганти и се очекува сумата за отштета да дојде и до 100 милиони евра.

Барселона веќе покажа интерес за десниот бек Јосип Јурановиќ, а се очекува цената што ќе ја одреди неговиот клуб Селтик да биде околу 20 милиони евра.

Голманот Доминик Ливаковиќ речиси сигурно ќе си замине од Динамо Загреб, а Модрите најавија дека ќе му дозволат да си замине за сума не помала од 15 милиони евра.

Сега хрватските медиуми најавуваат дека Барселона сериозно е заинтересирана и за 19-годишниот играч на Динамо, Мартин Батурина.

Офанзивниот играч за врска блескаше во дресот на Динамо во ова издание на Лигата на шампионите и го привлече вниманието на неколку познати клубови.

Има одличен преглед на игра и врвна техника, а тоа не им побегна од радарот на скаутите на Барселона, кои го пријавија големиот хрватски талент како следен можен трансфер на „Камп ноу“.

Батурина е проценет на околу 7 милиони евра, а се очекува Динамо на крилјата на успехот на хрватската репрезентација да добие отштета од 12 до 15 милиони евра ако се одлучи во следниот преоден рок да го продаде 19-годишниот фудбалски бисер.

 

- Оглас -

Најнови вести